Филипче: Колку индиции за заболени толку тестирања

0
37

Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови, одговори министерот Венко Филипче на тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ дека намерно се намалува бројот на тестирањата за да има помалку заболени, а со тоа да има аргументи за побрзи избори.

Според министерот, повикувајќи се на информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така намалени.

-Времето на чекање за тестирање е сведено на минимум, односно еден ден. Продолжуваме активно да тестираме согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следиме состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега се направени 17.246 тестови, порача Филипче.

Во последните извештаи на Министерството за здравство можеше да се види дека бројката на тестирани пациенти во приватните клиники и вчера во Ветеринарниот институт беше – нула.

Извор Независен