Филипче: Полицискиот час засега нема да се менува

На почетокот на наредната недела ќе се знае дали угостителите ќе започнат со работа, изјави министерот за здравство Венко Филипче во своето гостување на ТВ Сител.

Тој спомена дека на почетокот на наредната недела јасно ќе се кажат принципите по кои ќе се водат угостителите.

На прашањето дали ќе се продолжи полицискиот час со оглед дека е продолжена вонредната состојба за 14 дена.Министерот рече дека трендот на олабавување на мерките е веќе започнат и ќе оди постепено.

– Полицискиот час засега не планираме да се менува. Ќе се следи состојбата со бројот на новозаболени па во текот на наредната недела ќе информираме дали ќе се менува времетрањето на полицискиот час.