ФОТО Онлајн концерт во Битола заврши крваво: Копиле, не можам да спијам, викаше, па ме прободе со нож!

Младиот битолчанец Пеце Петровски (29), кој е музичар и пејач, во саботата вечерта ќе настрадал од насилен сосед. Тој, пред да се случи насилството, со другар му Дарко, кој е музичар, имале онлајн концерт за поддршка на малиот Лука, кој е со аутизам. Но, изнервиран сосед дошол со нож, го прободел во раката, бидејки му пречела музиката и не можел да спие.

-А не ми е баш сосед, нашите згради се околу 300 местри далеку. Меѓу нас има згради и никому не му пречеше, само нему, ни рече Пеце во телефонскиот разговор.

Пеце вели дека не е прв пат да прави онлајн концерти, но овој пат му било посебно важно бидејки сакал да ја подигне свеста кај луѓето за да се помогне на малиот Лука.

Среќа што Дарко го бутна, ќе ме прободеше пак

-Сега уште повеќе го сваќам проблемот на Лука со соседите. Поточно, има сосед кој му прави проблеми, бидејќи не сакал да живее во близина на аутостично дете и Лука и мајка му се на мака, најверојатно ќе го продаваат станот и ќе се селат. Јас имам многу пријатели и бидејќи знам дека имаат проблеми, сакав да ја раширам приказната, за да што повеќе се запознаат со неговиот случај и да се помогне. И јас сум дете на некоја мајка. Јас живеам сам со мајка ми бидејки, татко ми почина пред две години, а пред тоа почина брат ми, од погрешна инфузија, и со мајка ми сме сами. И таа се потресе кога виде што се случува. Среќа што другар ми беше со мене надвор инаку немаше да останам со една прободна рана, којзнае како ќе се завршеше, вели Пеце.

Ми се кочат прстите, веројатно некој нерв е повреден

А се почнало кога, како што вели Пеце, не толку гласно среде концерт се слушнале удари на неговиот прозорец Иако во живо, тој го прекинал концертот за да види што се случува.

-Не знав што ќе се случи инако ќе ја оставев камерата, затоа за жал немам снимка. Кога ѕирнав го видов Бојан соседот, кој има 35 години, беше вознемирен и хистеричен, почна да ме навредува, да пцуе. „ Копиле, излези надвор, не можам да спијам!“, и јас излегов за да му кажам што правам. Тој извади нож и ми го заби во раката. Се обиде уште еднаш, но за среќа го спречи мојот колега Дарко, кој го удри и го тргна од мене. Потоа Бојан стана, си тргна накај дома со зборовите – Пеце, имаш среќа што не слегов со сатарот!- раскажува Пеце видно потресен.

Со возило на брз апомош заминале тој и Дарко во болница а потоа и во полиција за да го пријават настанот.

Јас секогаш сум бил за правда, ќе го тужам- вели Пеце

– Соседот го приведоа и му го одземаа ножот. Раната ми е санирана, иако денес прстите ги чувствувам закочено, па повторно ќе одам на лекар за да видиме евентуално да не е повреден некој нерв. Денес и ќе поднесам приватна тужба, веќе ангажирав адвокати . Навистина ова не е начин да се реши некоја состојба. Јас и досега сум правел концерти и навистина никој од соседите не реагирал и знам дека не е гласно. Но, веројано до кај него се слушало бидејки е полициски час па е тивко. Ама, пак, ќе кажа, ова не е начин. Требало да се јави во полиција а не да дојде на врата подготвен за колење. Јас секогаш сум бил за правда, сум бил дел од разни хуманитарни акции и настани. Уметниците пред се треба да бидат хунани и моја цел беше навистина да помогнам на Лука, вели Пеце.