Франција ги продолжува вонредните мерки до 24. јули

0
37

Вонредната состојба е на сила од 24 март и ќе биде продолжена затоа што укинувањето на 23 мај би било „предвремено“, според законот што денеска го донесе владата и ќе биде испратен до парламентот на усвојување.

Патниците кои пристигнуваат во Франција, вклучително и француски државјани кои се враќаат дома, ќе треба да бидат во изолација две недели за да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави францускиот министер за здравство во средата.

„Ќе се наметне карантин за секој човек што се враќа на француска територија“,рече министерот за здравство Оливие Веран на прес конференцијата по седницата на владата.

Тој рече дека должината и условите на самоизолација на асимптоматските лица и карантин за лица со симптоми на ковид-19 ќе бидат дефинирани со указ што ќе биде објавен наскоро.

Одлуките за воведување карантин ќе бидат набљудувани од судството за да се осигурат дека тие се оправдани и праведни, додаде Веран.