Франција ги укина локалните авионски линии, лет пократок од 2:30 часа се заменува со воз!

Француската Влада предвидува укинување на домашните авионски линии за дестинации до кои се патува помалку од два часа и 30 минути со воз, јави дописникот на МИА.

Ова денеска го соопшти францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, кој притоа не појасни од кога ќе се спроведува оваа мерка, нагласувајќи дека принципот веќе е прифатен.