Црна Гора прогласи победа над коронавирусот

Нема веќе заболени, успешно заврши оваа голема борба, порача претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на Твитер и прогласи победа над пандемијата на коронавирусот.

Ѓукановиќ рече дека институциите во државата покажале високо ниво на одговорност и изрази благодарност до сите што биле во првите борбени редови со пандемијата.

„Незаменливи волонтери, предводени од Црвениот крст на Црна Гора, и дарежливи донатори, бројни локални жители и многу реномирани странски пријатели и инвеститори. Сето ова е причина за задоволство и искрена и длабока благодарност “,

порача претседателот.

Црна Гора беше последната држава во Европа во која што беше регистриран вирусот.  Од почетокот на епидемијата досега беа потврдени 324 случаи на зараза, при што починаа де вет лица.