Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито

0
31

Љубљана, Четврти мај, 1980 15 часот и 5 минути.

Поминаа четириесет години од најтажното неделно попладне во Социјалистичка Федеративна Република Југославија – кога е соопштено дека и покрај преземањето на сите неоходни мерки почина претседателот на државата Јосип Броз Тито. Трагичната вест е пласирана и на стадионот во Сплит каде се играл натпреварот меѓу актуелниот шампион Хајдук и лидерот на табелтата Црвена Звезда – кога гледачите и играчите на теренот со солзи почнале да скандираат.

И покрај тоа што се поминати четири децении, скопјаните кои ги анкетиравме се уште   носталгични – посакуваат да се вратат во неговото време.

Јосип Броз Тито беше на чело на Југославија 27 години, за некои важеше за народен херој и лидер на кој и ден-денес сите се сеќаваат.

Тој е погребан во Белград во Куќата на цвеќето, а на погребната церемонија присуствувале 211 делгации од 128 земји, а досега неговиот гроб го посетиле повеќе од 17 милиони луѓе.. Овој ден за многумина останува во сеќавањето како еден од најтажните денови во нивниот живот.

Десет години по неговата смрт почна и распадот на Југославија, во која Македонија партиципираше  како рамноправна  држава.

Извор Канал5