Шилегов: Целиот зафат на плоштад чини пола милион евра, а не тревникот

Градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на ТВ 24 демантираше дека тревникот на плоштадот чини 538 милиони евра. Објасни дека во таа сума влегува целиот зафат кој беше направен на плоштадот.

-Зафатот на плоштадот е почнат во септември 2019 година и чини 33,2 милиони денари, што и тогаш беше соопш Во таа сума влегува плочникот во целост од излезот на ГТЦ до плоштад и до излезот кој Собранието, уредувањето, канделабраите, зеленилото (дрворедот) и урбаната опрема во целост. Тоа е убедливо најубаво уредениот простор во Скопје. Има патеки за лица со оштетен вид. Јавноста го прими плочникот и зеленило многу добро. Целиот фидбек е дека луѓето го прифатија тој простор. Изведувачот мислам дека е фирмата Битем. Аукциите и јавните набавки во принцип не ме интересираат. Не треба градоначалникот да е тој што ги води јавните набавки.

Опозицијата спинува дека тревникот коштал 33 милиони денари. Тоа е небулоза, вели Шилегов.

Извор Фокус