ЈСП: Од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира граѓаните дека од утре, вторник (19.05.2020 год) продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

И натаму, нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.
За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени.