ЈУЖНА КОРЕЈА ОДНОВО ВОВЕДУВА МЕРКИ НА СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ

Неколку нови кластери на ковид-19 во земјата и властите на Јужна Кореја решија да скинат некои од олеснувањата кои беа воведени по стишувањето на првиот бран на епидемијата.

Министерот за здравство објави дека во следните две недели музеите, парковите и уметничките галерии во Сеул ќе бидат затворени. Плус, компаниите се поттикнати од власта повторно да воведат флексибилни работни услови.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести, објави дека имаат 79 нови случаи, од кои 67 во Сеул, што е најголем раст на бројот на новозаразени во последните 53 денови. Претходниот рекорд е од 5-ти април со 81 заразен. Во Сеул и околината живее половина од 51-милионската популација на Јужна Кореја.

Најголемиот број од новите случаи се поврзуваат со логистички центар (магацин) на една од најголемите он-лајн продавници во земјата. Според властите, околу 4.100 вработени и посетители на објектот се под само-изолација, а до сега над 80% од нив се тестирани.

Заедно со случаи билансот од ковид-19 во Јужна Кореја е 11.344 заразени и 269 починати.