Албанската опозиција најави протести против владата на Рама

0
149

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) најави секојдневни сенационални протести против владата на премиерот Еди Рама.

Одлуката за тоа ја соопшти лидерот на Демократите, Љуљзим Баша по средбата со претставниците на другите партии, кои ја сочинуваат обединетата опозиција.

– Денеска е уште еден лош пример дека земјата ја води опасен криминалец и крадец. Тој ја зграпчи како заложник државата на Албанците, институциите, лебот од устата на Албанците, нивната душа и култура. Веќе седум години ДП и опозицијата се борат против ова зло и авторот на ова зло, а тоа е Еди Рама. Тоа зло мора да си замени, затоа ги повикувам сите граѓани на масовните национални протести, со почитување на мерките за заштита од ковид-19 – изјави Баша.

Тој спомнувајќи го договорт со Рама постигнат пред три години пред парламентарните избори, истиот го нарече „грешка што нема никогаш да ја повтори“.