Алијанса на Албанците: Владата ветува дека ќе помогне на економијата, избира според интересот!

0
152

Драги граѓани, драги медиуми!
Причината зошто ви се обраќаме денес се две прашања за кои сметаме дека бараат правичен третман.
Првиот се однесува на владините „декоративни“ мерки, кои намерно се оставени со празнини за да можат лесно да бидат оспорени. Како што беше случајот со одлуката на Уставниот суд, која ја поништи одлуката на владата да ги намали платите на пратениците, судиите и службениците.
Ако владата беше искрена во својата одлука да ги намали платите на 2060 државни службеници на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, како што е случајот со вработените во приватниот сектор или тие кои ги загубија своите работни места како резултат на кризата, владата треба да го направи тоа на начин нејзината одлука за да не може да се оспори од Уставниот суд.
Затоа, за да мерката „солидарност“ да не стане мерка за политичка пропаганда, туку да биде реална применлива, Алијансата за Албанците ја повикува владата да го намали коефициентот на пресметување на платите на сите избрани и именувани од владата и парламентот и другите функционери, на начин што Уставниот суд не може да ја поништи истата.
Пресметката на платите со новиот коефициент на пресметка треба да е валидна сè додека важат скратените плати за вработените во приватниот сектор.
Алијансата за Албанците, исто така, бара транспарентност и фер распределба на средствата собрани во фондот за помош, поддршка и управување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот „Ковид 19“.
Почитувани граѓани, додека Уставниот суд го поништи решението за избраните и именуваните да добијат скратени плати во износ од 14.500 денари, многу работодавци и компании кои аплицираа да го обезбедат ова ниво на плата за вработените во приватниот сектор добија негативен одговор од страна на Управата за јавни приходи, што всушност претставува втор проблем за што економскиот оддел при Алијансата за Албанците смета дека е важен за решавање, бидејќи е директно поврзан со зачувување на работните места и следствено на постоењето на многумина граѓани.
Во последните две најави на Управата за јавни приходи се наведува дека само 10 103 работодавци – компании досега ги исполнуваат условите и оствариле право на финансиска поддршка за исплата на плата во износ од 14.500 денари за април 2020 година. Оваа одлука е донесена на седницата на Владата на Република Северна Македонија одржана на 01.05.2020 година. Овој број не е дури ниту половина од вкупниот број на 21.542 апликации за оваа помош, број што ја покажува големата потреба што бизнисите ја имаат во ова време на криза.
Затоа, Алијансата за Албанците ја повикува Управата за јавни приходи:
1. Да даде подетални објаснувања за причините за одбивање на барањето за финансиска поддршка за компаниите што аплицирале, но биле одбиени,
2. Да даде дополнителни упатства за технички прашања што можат да бидат причина за одбивање како резултат на нејаснотии во формуларите за пријавување како резултат на чести промени, и не конзистентност на владата во одлуките што ги донесува и
3. Да се обезбеди дополнителен рок за пријавување за сите работодавци, соодветно на претпријатијата кои биле одбиени во нивното барање за финансиска поддршка за исплата на плата во износ од 14.500 денари.
Сметаме дека Владата треба да дејствува веднаш за да ги отстрани сите пречки со кои се соочуваат претпријатијата при добивање финансиска поддршка, со цел да се поттикне зачувувањето на работните места за вработените во приватниот сектор.

Илире Даути,
Претседателка на Економскиот оддел- Алијанса за Албанците

15 мај 2020