Американскиот Херц пред банкрот

0
95

Една од најголемите светски компании за изнајмување на автомобили со седиште во САД, Хертц поднесе барање заштита од банкрот, уште една во низата на големите американски компании кои трпат сериозни штети од пандемијата со Ковид 19. Компанијата која на пазарот постои 102 години не успеа да го исплати долгот до зададениот рок од 22 мај и со тоа се активира и барањето за банкрот.

„Влијанието на Ковид -19 врз побарувачката за патувања беше ненадејна и драматична предизвикувајќи нагло опаѓање на приходите на компанијата и идните резервации, се вели во соопштението на компанија.

Херц и неговите придружници ќе продолжат со работа во меѓународниот региони вклучително во Европа, Австралија и Нов Зеланд, затоа што тие не се дел од банкротот во САД. Над 12 илјади вработени во оваа фирма останаа без работа а 4 илјади се неплатено привремено отсуство од работа. Дополнително ја намали акциската вредноста на возилата за 90 проценти и ги запре сите несуштински трошења.