Американски воен авион Ф-22 се сруши на Флорида

0
97

Американски воен авион Ф-22 се сруши денеска за време на рутински лет на Флорида, а пилотот успешно се катапултирал, соопшти американското воздухопловство.

Пилот е пренесен во локална болница во воздушната база Иглин поради вршење анализи и проценки и се наоѓа во стабилна состојба, јавуваат американските медиуми.

Несреќата се случила на 20-ина километри североисточно од базата, а не е причинета друга материјална штета.