Америка на раб на граѓанска војна, искршени прозорците на зградата на СНН

0
70

Граѓаните продолжија со протестите низ САД по убиството на Афроамериканецот Флојд за време на неодамнешната интервенција на полицијата во Минеаполис.

Покрај првичните демонстрации на лутите граѓани во Минеаполис, Минесота, каде веќе е распоредена Националната гарда и воведен е полициски час, илјадници луѓе излегоа на улиците во Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Кентаки, Вашингтон, Атланта, Денвер. Колумбос, Мемфис, Њујорк, објави Ројтерс.

Белата куќа дури на кратко била блокирана, опкружена со демонстранти кои извикувале „Нема мир без правда“, а ситуацијата била на работ на конфликтот кога полицијата се заканила со употреба на солзавец.

Голем број демонстранти се собраа и во Бруклин, а Ројтерс јавува дека луѓето биле уапсени.

Во неколку наврати, протестите во Атланта излегле од контрола и станале насилни и хаотични, а СНН објави дека избувнал голем пожар недалеку од главниот комплекс на оваа медиумска куќа.

Прозорците на зградата на СНН биле искршени, а полицијата едвај успеала да ги спречи демонстрантите да влезат во телевизијата.

Извор Канал5