Ахмети по лидерската средба: Следната недела ќе го договориме датумот за избори

0
85

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, рече дека дискусиите биле многу плодни и детално ја анализирале состојбата во земјата.

„Ние сме во воена состојба со невидлив пријател, тоа е коронавирусот. А во воена состојба збор имаат генералите, во ситуацијава тоа се здравствените експерти. Мерките што ги препорачаа останува да се почитуваат. Ќе го почекаме нивното мислење, а со тоа останува следната недела да имаме уште една лидерска средба и да се договориме за датумот за избори“,

Претходно изјави за медиумите дадоа и лидерите на Алтернатива и Алијанса за Албанците, Африм Гаши и Зијадин Села.

Тие порачаа дека во определувањето датум за избори треба да се води грижа за здравјето на граѓаните.

Гаши посочи дека е договорено наредната недела повторно да има средба на лидерите, а за избори да се обратат до ОБСЕ/ОДИХР за да прашаат за тоа дали и кога ќе може се обезбедат набљудувачи, како и да се обратат до ДИК во врска со организирањето.