Бил Гејтс уште во 2016 го предупредил Трамп на опасноста од пандемија

0
93

Бил Гејтс уште во декември 2016 година го предупредил претседателот на САД Доналд Трамп на заканата од глобална пандемија, пренесува Бизнис инсајдер.

За време на средбата во Трамповата кула со тогаш тазе избраниот претседател, Гејтс предупредувал на опасноста од заразните болести и го повикал Трамп приоритет да му биде подготовката на земјата за таква ситуација.

Гејтс уште во 2015 на ТЕД ток предупреди на опасноста од пандемија, кажувајќи дека вирусите претставуваат најголем ризик за глобална катастрофа во однос на другите закани.

„Ако нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа ќе биде најверојатно високоинфективен вирус, а не војна. Не ракетите, туку микробите“, кажа гејтс тогаш додавајќи дека земјите трошеле големи количества пари за да избегнат нуклеарна војна, но речиси ништо за сопирање на епидемиите.

Трамп поради своите постапки за справување со пандемијата на коорнавирусот наиде на остри критики, а Соединетите Американски Држави станаа жариштето на епидемијата со над 1,3 милиони потврдени случаи на зараза и над 80.000 смртни случаи.