Битолчанец упатил закани по живот кон полицаец и избегал

0
70

МВР информираше дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 08:00 часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.