Борис Џонсон на синот му дал име според докторите што му го спасиле животот

0
89

Кери на својот профил на Инстаграм објави фотографија, а бебето веќе има многу коса, препознатлив знак и за премиерот Џонсон.

Синот го добил името Вилфред Лори Николас Џонсон. Средното име Николас го добил според двајцата доктори по име Ник, кои го спасиле Борис додека се борел со коронавирусот.

„Вилфред го носи името на дедо му на Борис, а Лори е мојот дедо. Не можам да бидам посреќна. Моето срце е полно“, напиша Кери.

Ова е нејзино прво дете, а според британските медиуми, Борис сега е татко на шест деца.