Бројот на починати во Британија надмина 30.000 и над 200.000 заразени

0
74

Бројот на починати во Велика Британија надмина 30.000 и сега изнесува 30.076, или уште 649 починати во изминатото деноноќие.

Бројот на ново заразени лица изнесува 6111, што значи дека вкупниот број на пациенти со ковид-19 надмина 200.000 од почетокот на пандемијата и сега изнесува 201.101.

Според тоа, Велика Британија е најпогодената земја во Европа во однос на смртните случаи.

Министерот за домување, заедници и локална самоуправа Роберт Џенрик денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот на регионалните медиуми.

„Локалните медиуми се под голем финансиски притисок“, рече тој, апелирајќи до секој што може да купи весник.

Исто така, Џенрик додаде дека неговото министерство работи на планови за ублажување на мерките. Ова вклучува прилагодување на продавниците, јавниот превоз, итн. Тој додаде дека сака градежните и инфраструктурните работи да бидат отворени што е можно поскоро, или штом се обезбедат условите.

„Во секој случај, ние ќе се водиме од научните и докторските совети“, истакна тој.

Извор Канал5