Бугарија од први јуни го укинува задолжителниот карантин за државјани од Македонија и Србија

0
163

Бугарија планира од први јуни да ги укине задолжителните 14 дена карантин за државјаните од повеќето земји членки на Европска унија, Србија и Македонија, но не и за државите со најголем број на заболени од коронавирусот, изјави главниот здравствен инспектор Ангел Кунчев, пренесува Ројтерс.

Карантинот ќе остане задолжителен за патниците од Шведска, Белгија, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија и Малта како и Велика Британија, која е во преоден период после излегувањето од ЕУ.

Кунчев истакна дека Кризната група и предложила на Владата да го укине карантинот од први јуни, а тоа треба да го одбобри и Министерството за здравство,