Велешка конфекција стана ново жариште на Ковид 19 во Велес

0
76

Велешка конфекција за само десетина дена стана нов кластер на новозаболени од коронавирус во градот. Само денеска од деветтемина регистрирани, седуммина се роднини на заразени вработени во текстилниот погон.

И во претходните два денови исто така голем дел од новозаболените беа или вработени таму или нивни семејства.

Според државниот инспекторат од вкупно 200 работници, 16 се позитивни на вирусот а се следат уште 50 нивни контакти. Првиот случај е регистриран на 24 април, а една недела подоцна конфекцијата е затворена.

И министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега инспекторатот ќе истражува дали се почитувале мерките и препораките за начинот на работа.

Инаку за само три денови има 18 нови случаи во Велес, што е една петтина од вкупно 95 од стартот на кризата. Сепак властите се убедени дека простор за паника нема бидејки се следат сите контакти и велат кругот на забоелни од конфекцијата е затворен.

Еден од новозаболените е член на советот на општина велес. Двајца кои не се поврзани со конфекцијата пак се пензионери којшто во својата епидемиолошка анкета рекле дека никаде не излегувале освен до продавница и аптека. Изворот на нивната зараза за сега е непознат.

Велес во изминатото денонокие има и еден починат кој бил на инфективното одделение во тешка состојба неколку денови, а вчера починал на пат кон клиниката во скопје.

Во моментов активни случаи во градот се 47, а 21 се хоспитализирани.

Извор Телма