(ВИДЕО) Ова не е победа, враќањето е поопасно од заминувањето, рече Елон Маск по историското лансирање на неговиот SpaceX

0
139

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути во вселената на вчерашното историско лансирање.  Околу 15.22 часот, по локално време од центарот во Флорида е лансирана ракетата Falcon 9, која двајцата астронаути  Боб Бенкен и Драг Харли  ги одведе во вселената на 19 часовниот лет до Меѓународната вселенска станица.  Ова е прв пат комерцијалниот вселенски брод да одвете луѓе во вселената и прв пат по девет години Американците да заминат во вселената од сопствената земја.

-Немам зборови, не можам да опишам колку сум среќен, рече  сопственикот на SpaceX-a  и high-tech mogul, Елон Маск, коментирајки го историскиот момент.

“Навистина сум преплавен со емоции. Тешко е да се зборува. Поминав 18 години работејќи за ова, тешко е да се поверува дека навистина се случи. Во овој момент не сум начисто со емоциите. Се надевам дека ова е прв чекор на патот кон цивилизацијата на МАрс, кон мултипланетарниот живот, база на Месечината и проширување вон границите на Земјата”, рекол Маск на новинарите.

Тој откри и како се чувствувал кога лансирањето беше одложено за една недела поради лошото време.

„Не бев нервозен. Како да се совпаднаа судбините. Како во обичен ден да идам на работа. Но, ова не е победа, вистинската работа допрва доаѓа, рекол тој.

А на прашањето дали чувствува одговорност кон човечките животи кои ги испрати во вселената, тој рекол дека ова е само почеток на мисијата.

“Многу работа има пред нас. Астронаутите треба да пристигнат во вселенската станица, да живеат таму 110 дена, а потоа да се спуштат со бродот низ Земјината атмосфера и да се вратат дома, на брегот на Флорида.  Враќањето е многу поопасно од ова, и затоа не сакам да прогласам победа, рекол тој и додал:

“Се гушам, не можам да одговорам на тоа прашање.”