ВИДЕО: Оџата во Порој утре нема да ја отвори џамијата за да не дозволи ширење на коронавирусот

0
83

Езанот ечи, но намаз со верници во џамијата во Порој не се дозволува од крајот на март. Така решил имамот Максут Абази. Тој вели дека ваквата одлука ја донел за ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

„Ја донесов оваа одлука за да не дозволам вирусот да се шири кај моите сограѓани. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен. За мене не е во ред да им кажам на верниците да мијат рацете, да ги дезинфицираат рацете и да држат социјална дистанца“-рече Максут Абази, имам на џамијата на село Порој, пренесува Алсат.