Владата без конкретен план за градинките

0
129

Еден ден откако Министерството за образование соопшти дека до 10 јуни нема да се вратат учениците во училишта туку наставата до 10 јуни ќе биде онлајн, Министерството за труд и социјална политика нема конкретен план што ќе се случи со градинките. Надежите сега се префрлени кај Комисијата за заразни болести.

МТСП

„Во врска со започнување со работа на градинките, како и за сите мерки, препораката ќе ја даде Комисијата за заразни болести, грижејќи се пред се за здравјето на децата и вработените додека одлуката ќе ја донесе Владата. Секако дека ќе се води сметка и за фактот дека децата не смеат да останат без грижа“.

Од оваа институција велат дека на сила се уште е мерката еден од родителите да биде ослободен од работа.

МТСП

„За вработените лица во институции и компании, кои имаат дете до 10 години или активно во четврто одделение, за кои е потребна грижа во домашни услови, едниот родител е ослободен од работа и од работните активности додека отсуството во овој период ќе се евидентира како оправдано од работодавачот“.

И покрај ваквата мерка на Владата, Министерството нема одговор како ќе постапат со градинките по завршување на вонредната состојба. Од оваа институција не кажуваат дали имаат план како ќе функционираат во текот на летото кога родителите се очекува да се вратат на нивните работни места, а градинките се обврзани да работат.

Извор АлсатМ