Владата воведува викенд без ДДВ за сите граѓани

0
86

Премиерот Оливер спасовски најавувајќи ги новите економски мерки на владата за справување на последиците од корона кризата, кажа дека се воведува викенд без данок на додадена вредност (ДДВ) што ќе се однесува за сите граѓани.

-Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство, истакна премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.