Владата ќе одлучи за вонредната состојба

0
122

Во попладневните часови, на седница се очекува Владата да донесе одлука дали да предложи продолжување на вонредната состојба заради пандемијата. Одлуката на Владата се очекува ден пред истекот на третата вонредна состојба, којашто е во сила последните две недели.

Доколку владата по четврти пат предложи прогласување вонредна состојба, одлуката е во рацете на претседателот Стево Пендаровски. Претседателот повторно ќе го свика Советот за безбедност во сабота за да разговара за состојбата околу вирусот.

Во меѓувреме, датумот на изборите зависи и од вонредната состојба. Актуелната уредба на Владата предвидува одржување на избори 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.

Сепак, ако вонредната состојба не продолжи дури и по саботата, до 5 јули, како евентуален датум за одржување избори, остануваат уште 35 дена. Одлуката на Владата а подоцна и на Претседателот за вонредната состојба се очекува да ја разјасни оваа правна забуна околу роковите. Неодамна, партиите разговарале за уште една друга алтернатива, промената на датумот на изборите во указот веќе потпишан за нереализираните избори од 12 април, од спикерот Талат Џафери.

Претседателот на Собранието одамна ја отфрли можноста за какво било друго дејствување од своја страна и од страна на Собранието, нарекувајќи го тоа правно невозможно по распуштањето. Сепак, сега тој беше недостапен да објасни дали оваа алтернатива е прифатлива и применлива за него.

Извпор АлсатМ