Воз во Индија прегази 16 мигрантски работници

0
103

Воз во Индија прегази работници мигранти кои спиеле на пругата, при што загинале најмалку 16 лица кои наводно биле на пат кон своите села, соопшти Министерството за железница.

Десетици илјади луѓе се упатиле дома од поголемите индиски градови, откако ги загубија своите работни места поради карантинот, воведен од крајот на март.

Машиновозачот се обидел да го запре товарниот воз кога ги видел работниците на пругата во западната федерална држава Махараштра, изјави министерот за железница Пјуш Голиан, додавајќи дека побарал истрага.

„Само што ја слушнав тажната вест за тоа дека работници се прегазени од воз, а во тек е спасувањето“, објави министерот на Твитер.

Целиот јавен превоз е ставен во карантин, така што работниците мигранти кои одат дома честопати мораат да патуваат на долги растојанија пешки.

Владата го продолжи карантинот до 17 мај.