Во Италија скокна бројот на починати и новозаразени во само 24 часа

0
76

На интензивна нега се наоѓаат 716 лица, додека во понеделникот на интезивна нега имаше 749 пациенти.

Италијанската цивилна заштита објави денеска дека во последните 24 часа во земјата се забележани 162 смртни случаи, што е значајно покачување во однос на 99 ден претходно, а порасна и дневниот број на заразени, од 451 во понеделникот на 813.

Од избивањето на епидемијата на 21. февруари во Италија од коронавирусот починаа 32.169 лица, при што повеќе смртни случаи се регистрирани само во САД и Велика Британија.

Коронавирусот е потврден кај 226.699 Италијанци, а повеќе заразени од Италија, има САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Моментално во Италија има 65.129 активни случаи, што е намалување во однос на 66.553 ден претходно.

На интензивна нега се наоѓаат 716 лица, додека во понеделникот на интезивна нега имаше 749 пациенти. Вкупно 129.401 лица се излечија од коронавирусот.

Цивилната заштита објави дека во земјата со 60 милиони жители тестирани се 2 милиони.

Извор СлободенПечат