Во Србија од 1 јуни само со негативен тест и потврда од амбасада

0
129

Србија од 1 јуни да ги отвора своите граници со соседните земји – Македонија, Црна Гора Албанија и Босна и Херцеговина, препорачал Кризниот штаб за заштита на јавно здравје од заразни болести.

Српската Влада на денешната седница го усвои протоколот за влез на граѓаните на Србија и на странските државјани во земјата, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразна болест КОВИД-19, соопштија од владината прес служба.

Српските државјани ќе може да влезат во земјата само со негативен ПЦР тест на коронавирус и да се движат низ земјата. Тестот не треба да биде постар од 72 часа. Ако немаат направено тест, српските државјани по влезот во земјата ќе мора да поминат во домашна изолација 14 дена.

Странските државјани во Србија ќе може да влезат под два услови, со негативен тест на коронавирусот, не постар од 72 часа и со потврда издадена во српската амбасада или конзулатот во земјата од каде што доаѓаат.

Извор РСЕ