Во Црна Гора за неносење маска казна и до 20.000 евра !

0
123

За непочитување на препораката за држење физичка дистанца меѓу две лица и неносење на заштитна маска паричната казна во Црна Гора ќе изнесува од 100 до 2.000 евра ! Ова е предвидено во измената на Законот за заштита на населението од заразната болест со корнавирусот.

Предлогот на овој закон го усвоила Владата на Црна Гора во понеделникот, пренесуваат тамошните медиуми.

-Парична казна во износ од две до 20.000 евра ќе му биде изречена на правно лице ако не обезбеди правилно почитување на физичката оддалеченост меѓу вработените, како и не обезбедување на заштитни маски за вработените во трговските и угостителските објекти, фризерските и козметичките салони – се предвидува со предложените измени.

По укинувањето на дел од рестриктивните мерки во борбата со пандемијата од коронавирусот во Црна Гора почнаа да работат таксистите, фризерски и козметички салони, обложувалници, продавници за широка потрошувачка, фитнес-центри, авто-школи, сервиси.

Извор 24инфо