Јанева : Не земав пари од Камчев, обвинението е апсурдно и монтирано а таргет сум јас и СЈО

0
80

Кривичниот законик и законот за сјо и биле како библија, а се колнеше дека не зела ниту денар ниту пак било како се обидела да му ја олесни положбата на бизнисменот Кмачев или да го спаси за предметот „Империја“. Екс специјалната обивнителка рече дека обивнението е апсурдно и конструирано врз основа на исказот на бизнисменот Орце Камчев и многу шпекулации. Таргет биле и таа и СЈО.

Со многу емоции и на висок тон Јанева раскажуваше дека Врховниот суд бил тој што им помогнал на сите тие што ги гонеле, бидјеки донел правно мислење дека сјо не е овластен тужител.

Тоа беше црн ден за нас. Не знам како преживеав. Јас тогаш не знаев што ми се спрема. Во тој период се спремало конструкција да ме снема, сведочеше Јанева. Испадна дека само Катица Јанева треба да одговара. Нека одговара, повелете, ви стојам на располагање. Ако треба обвинителката Катица Јанева, која во четири години ги обвини сите што треба да одговараат, нека одговара. Ако така ќе дојде правдата, тогаш и јас сум задоволна, додаде екс специјалната обвинителка.

За себе вели дека е единствен обивнител кој одговара за дадено мислење. Направи споредба со Русковска дала позитивно мислење за Зоран Милевски да се брани од слобода но таа не одговара. За Јанева, Орце Камчев е лукав човек кој иако a преку разговорите со како што рече неговите миленички слушанле многу детали за неговите бизниси. За одбраната нема докази ниту се утвридло дека се дадени или примени пари. Обвинителката вели се видело на снимките дека зела 50 илјади евра.

Јанева вели дека освен истрагата Империја ја предала на обвинителството пред завршница како и многу други предмети но смета дека од тогаш ништо не е направено иако до сгеа требало да има обвиненија и судења. Русковска пак тврди предметите не се во фиока туку ги работат обивнителите што ги работеле претходно во сјо но со помош на нови обвинители а поради пандемијата не можеле да се поднесуваат обвиненија.

Анагонизам можеше да се забележи мегу двете обвинитлеки кои беа на само 2 метри растојание, во судницата и повеке пати си дофрлуваа па судијката смируваше. Додека Русковска и поставуваше прашања, Јанева одговараше без да ја погледне. Русковска рече дека екс специјаната нанела страм на обвинителството а Јанева пак упати аманет до своите колеги од сјо да не прават вакви обвиненија како „Рекет“.

Боки 13 пак се надоврза на вчерашната најава дека планира да се занимава со политика, денеска побара од судијката да му дозволи да испраќа соопштенија до јавноста кои ќе ги пласира преку неа но без можност да бидат цензурирани.

Според сведочењето на Јанева, истрагата за Империја почнала со бомба мегу бизнисменот Дејан Панделевски и екс министерот Јанакиевски рече ек специјалната обвинителка. За колешката Лиле Стефанова на која кога сведочеше во Рекет и упати навреди, Јанева денеска имаше само епитети, дека била најискусна професионална и многу вредна и ја имала нејзината доверба и за предметот Имеприја и другите што ги работела. Сепак Камчев успевал да дознае и дека го следат со пим мерки но и истражителите од сјо кои дошле да му прават претрес во одмот и фирмите забележале дека домакините не се изненадени и дека се е исчистено исчистено а телефоните променети телефоните му ги дал на сега осудениот Зоран Милески, за да ги сокрие и да ги уништи, раскажа Јанева.

Зо Бојан Јовановски, Јанева рече се спријателиле договарајки се за емисии на 1 тв, но уверуваше дека не зборувале за предметите на СЈО, туку за килажа, мода, љубов.

На 19 мај следуваат завршни збороvи по што и пресуда за овој предмет што ја бранува политичката судската но и пошироката јавност.

Извор Телма