Голема раздвиженост на ден пред празникот Фитр Бајрам

0
72

Еден ден пред Фитр Бајрам и 42-часовниот карантин, граѓаните ги преплавија маркетите и пазарите. Во повеќето случаи не се почитуваа мерките за физичко растојание и носење маски.

„Подготвени сме за Бајрам, се подготвуваме. Малку е различно од другите години, но добро е што ја донесоа оваа одлука, различно е“

„Да, купивме нешто, мора да се купи нешто“

Коронавирусот направи овој Фитр Бајрам да не биде како другите години. Тоа се одрази и во денешната продажба. Иако имаше многу граѓани кои правеа финални подготовки за празникот, продавачите ни рекоа дека немаат работа како порано.

„Не беше како порано, беше послабо. Како и секој ден“

„Бајрам си го бара своето, сите одвоиле по малку за Бајрам. Работата генерално е добра, немаме толку колку другите години, но повторно е добро. Купуваат повеќе домати, краставици, пиперки, компири за да ги поминат овие карантински денови“

„Поради пандемијата, работа има послабо, но и граѓаните мора да излезат затоа што имаат работа за Бајрам“

Многу луѓе имаше и пред трговските центри, чии вработени воведуваа ред.

„Да, за Бајрам, татко ми нè донесе да купиме облека. Но, не можеме да прославиме ќе нè стават во карантин. Мора да останеме дома“

„Последната недела од Рамазан секогаш има пораст на продажбата, секој пат кога се исполнуваат очекувањата. Сепак, поради коронавирусот, немаше толку колку што се очекуваше, тоа е нормално.

Граѓаните ќе го поминат овој Фитр Бајрам дома. Владата вчера донесе одлука за забрана на движењето од утре од 11 часот до вторник во 5 часот наутро.

Извор АлсатМ