Горивата поскапуваат за три ипол денари од ноќеска на полноќ

0
92

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три ипол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 54 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 56 денари за литар, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 денари за литар.

„Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50 проценти. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година,“ информираше претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.