Грција ги отвара границите од први јули

0
133

Грција ги отвара границите од 1 јули. За време на летната сезона под посебни услови ќе се одвива воздушниот и водениот сообраќај. Оние патници кои ќе патуваат со авион, ќе мора да седат на посебно обележани места, и на соодветно растојание. Траектите што немаат кабини ќе можат да пополнат само 50 проценти од нивниот капацитет и во бродот и на палубите. Во понеделник во Грција започнува наставата за матурантите, а една недела подоцна за сите средношколци. Се уште не се знае кога ќе се отворат основните училишта и градинките.

Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања, велат од Канцеларијата за Европа на Светската здравствена организација. Од таму додаваат дека за развој на вакцина би требало да очекуваме 18 -месечен процес наспроти неколку години колку што е потребно да се развие една вакцина.

Во однос на ризикот за втор бран на епидемијата, кој се очекува наесен, од  СЗО велат дека тој ќе зависи индивидуално од секоја земја и колку граѓаните ќе ги почитуваат мерктие.