Двојниот светски шампион Алонсо се враќа во Формула 1

0
175

38-годишниот Алосно се повлече од најбрзиот циркус кон крајот на 2018 година, но веќе размислува за враќање во Ф 1 првенството.

Двократниот светски шампион е во контакт со Рено, но сè уште не е постигнат договор, изјави советникот на Алонсо, Флавио Бриjаторе.

– Фернандо е мотивиран. Година надвор од Формула 1 му одговараше. Тој се детоксираше и е подготвен да се врати – рече Бријаторе.

Засега Рено има отворено место за 2021 година, откако Даниел Рикардо потпиша договор со Мекларен.