Делчевскиот градоначалник ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против Ковид-19

0
107

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против коронавирусот. Во неговата јавна објава тој истакна дека се придружува на своите колеги од регионот, кои исто така дадоа свој личен придонес во борбата против Ковид-19.

– Во овие тешки моменти за државата, кога солидарноста и почитта кон поединецот се делата кои имаат вредност, воден од моралната обврска како градоначалник, но пред се’ како човек и без разлика

на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже солидарност и колективна одговорност, бидејќи за луѓе се работи, за нашите граѓани и за нашата држава, додаде Трајковски.