Државниот карантин се заменува со самоизолација со тест за корона

0
80

Државниот карантин се заменува со самоизолација со тест за Корона

14 луѓе кои работеле на бродови и се вратија во земјава ќе бидат првите доколку имааат негативен тест на Ковид 19 наместо во државен карантин ќе отидат во домашна самоизолација.

Со одлука на Владата се укинува задолжителниот државен карантин за македонските државјани кои се враќаат од странство. Сега задолжителна е потврда за негативен брз ПЦР тест за Корона вирус направен во последните 72 часа.

Неколку патници кои пристигнале утрово носеле тестови кои ги направиле во други држави. Сега тие треба да ги достават до полицијата, за потоа истата да ги достави до Министерството за здравство.

Секој кој по доаѓањето во земјава заминува во домашна самоизолација потпишува изјава за кривична и морална одговорност за валидноста на тестот. Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб ќе одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест.

Извор Телма