ЕУ: Макрон и Меркел ќе промовираат заедничка иницијатива за здравството и економијата

0
75

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговараат преку визио-конференција попладнево околу 15 часот и 30 минути, пред да претстават заедничката „Француско-германска иницијатива“, фокусирајќи се особено на прашањето за здравството и закрепнувањето на економијата, јави дописникот на МИА.

По разговорот тие треба да одржат заедничка прес конференција, а се очекува да биде објавена и заедничка декларација.

Според Елисејската палата, таа заедничка иницијатива „ќе се фокусира на здравството, економското закрепнување, еколошката и дигиталната транзиција и индустрискиот суверенитет“.