Жител на Косел нападнат од соселанец

0
87

Вчера, околу 12 часот и 30 минути, во охридското село Косел, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 32-годишен жител на селото врз единаесет години постар соселанец.

Притоа, нападнатиот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.