Заев: Економските мерки опфаќаат 730.000 граѓани

0
85

Трите пакети економски мерки опфаќаат над 730.000 граѓани или повеќе од 320.000 семејства., соошшти лидерот на СДСМ во гостоување на ТВ Сител каде што зборуваше за подршката која Владата ја обезбедува за надминување на економските последици од пандемијата.

-Сите три пакети мерки опфаќаат 730 илјади граѓани, тое се повеќе од 320 илјади семејства. Овој пакет на мерки има многу широк опфат, навремено е испорачан, и има за цел поддршка на економијата и на фирмите, помош на ранливите, сиромашните, на оние граѓани на кои помошта им е неопходна.

Платежната картичка е исто така дел од третиот пакет мерки, која овозможува директна помош од 150 евра кои во рок од 30 дена треба да ги потрошат на домашни произвори или ваучерот за домашен туризам., рече Заев.
Од мерките за стопанството, претседателот Заев ја издвои директната поддршка на неповратни пари за фирмите.

-Има огромен пакет за стопанството каде што ќе се вложат 25 милиони евра директни неповрати пари за фирмите, обезбедени се 31 милион евра бескаматни кредити за микро и мали претпријатија, 125 милиони евра за поддршка на кредити за сите компании, како и дополнителни 30 милиони евра поддршка за вработување на млади, жени менаџери, иновации”, нагласи претседателот на СДСМ Заев и додаде дека поддршката на економијата и зачувување на работните места на граѓаните е обезбедена со првите два пакети, а последните мерки се насочени заживување и рестарт на економијата.

„ Сето ова во најголем дел од работите како трет пакет се грантови и неповратна помош. Платежната граѓанска каритчка е гранд, таа се дава и за 30 дена треба да се потроши за да може да се вбризгаат пари и да се дигне домашното призводство и домашните услуги.Ваучерите во текот на летото треба да се искористат, мерката за младите за доедукација за ИТ, за обуки каде што со кофинансирање ќе направиме лесно вработливи млади преку ваквите мерки, треба преку текот на летото и есента да се истрошат, а притоа гледате дека имаме ваучери за студентски домови, за ученички домови, за упис на факултетите и за други сместувачки капацитети под услов да се регистрират, тоа важи и за туризмот. Сакаме преку тоа да внесеме од неформаланата во формалната економија голем дел на нерагистрирани капацитети.“изјави Зоран Заев.

Вкупната вредност на трите пакети економски мерки на Владата предводена од СДСМ досега изнесува 550 милиони евра што е 5,5% од БДП.