Заев на Сител: Третиот пакет мерки носат брз рестарт на македонската економија

0
88

„Ова е пакет за рестарт на економијата, Опозицијата е таа која повикува на поголем број мерки, и имаме сега трет пакет со кој вкупно ќе бидат опфатени 730 000 граѓани. Тоа е широк дијапазон и јавноста знае на време е испорачан секој од трите пакети. Имаме предвидено платежна картичка за голем број категории граѓани, а во рок од 30 дена ќе треба да се потрошат за домашни поризводи или да го споменам ваучерот за туризам, да можат граѓаните да одат на летување и така да ги помогнат угостителско- туристичките капацитети“- изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вестите на телевизија Сител.

Тој напомена дека со мерките се опфатени сите млади до 29 години, освен оние кои продолжиле да ја земаат истата плата, и ако таа има пристојна сума.

„Со мерките водиме грижа за сите млади до 29 години, студентите, средношколците… нема само за младите со приход над 15 000 денари, имавме дејности кои не беа погодени од кризата тука имаа придобивки и таму нема помош, но сите кои се под 15 000 денари, па невработените, социјалците и уште многу категории граѓани ќе имаат полза од економските мерки“- објасни Заев.

Сите овие мерки од третиот пакет се во насока на стимулирање на домашното производство, домашниот туризам, целото стопанство и поединчено граѓаните. Заев на гостувањето во Сител повтори дека стопанството има вистински партнер во владата и дека илјадници фирми веќе се пријавиле на повиците за помош.