Заев потврди: Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше во 2016 година на ручек кај мене во Струмица

0
90

На прашањето што доколку изборните резултати не бидат во полза на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев на денешената прес-конференција повторно потенцираше дека е убеден во победа, а откри и кое е лицето кое ги направил аудио снимките со него.

– Јас сум убеден дека ќе победиме. На крајот како ќе кажат граѓаните, тие се конечни владетели, Секако јас сум убеден во таа победа, убеден е и Мицкоски.

Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Јас сум близок со неговото семејство, но ете така одлучил мојот пријател и така направил.

Сменети се работите во Македонија, за одлука за притворање не носи МВР туку Јавното обвинителство. Влез во објект за претрес дава судот наредба, направија влез во Струмица. За тие работи постојат закони и има одговорност. Никој не може нешто да прави, ни да креира сценарија, бидејќи над Чулев има Влада, а над нив се граѓаните, истакна тој.