Заев: Чулев направи штета со изјавата дека нема да казнува

0
142

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, причината за големата бројка на новозаболени од корона вирусот, ја лоцира кај министерот за внатрешни Наќе Чулев и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев смета дека со изјавата на Чулев дека полицијата не треба да казнува кога граѓаните не го почитувале полицискиот час или мерките за заштита, направена е штета. Реплицираше Чулев. Посочи дека зад олабавувањето на мерките е желбата на власта за брзи избори. Министерот за внатрешни порачува дека доколку има сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, одговорност владата да побара од директорот за јавна безбедност бидејќи оперативното постапување на полицијата било во негова надлежност.