Захариева: Македонија да ја признае историјата, а ние нивната реалност

0
110

Македонскиот јазик е напишан 1945 година врз основа на западно-бугарскиот дијалект, а со тек на време променета е малку нивната граматика, со одредени додатоци од други соседни земји, вели шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во интервју за бугарска телевизија. Истакнува дека од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, исто како што Бугарија треба да ја признае македонската реалност. Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите, вели Захариева.