Зоолошката градина ги отвори врати за посетителите

0
76

По два месеци колку што беше затворена поради пандемијата, денеска Зоолошката градина ги отвори своите врати за посетителите. Утрово дојдоа првите посетители, носејќи маски и а рацете го дезинфицираа на влезот.

Вработените во зоолошката градина велат дека во првите денови од затворањето, животните чудно реагирале, бидејќи се навикнати на присуството на многу луѓе. Сепак, во споредба со пред-пандемискиот период, денес не повеќе од 15 лица ги посетиле животните. За толку мал број на посетители, според вработените влијаело облачното време и фактот дека граѓаните сè уште не биле информирани за отворање на зоолошката. Се разбира, сè ќе функкционира според новите правила. Детското игралиште ќе биде затворено. Посетителите ќе треба да носат маска или шал и ќе треба да чекаат во линија на растојание од 1,5 м. Рацете треба да се дезинфицираат на влезот и на излезот од Зоолошката градина.

Ѓорѓи Галетановски-директор на Зоолошката градина .

Граѓаните кои поради вирусот доживеаја да видат што значи да си затворен, денеска затворените животни ги гледаа со љубов и жалост.

Посетителите велат дека ако има малку луѓе, ќе ги доведат и своите деца.

Како и досега, строго е забрането да се хранат животните и да се приближуваат кон животните, а отпадот треба да се фрли во канти за ѓубре.