ИВЗ не се откажува – џамиите ќе се отворат, се бара преиспитување на одлуката и почитување на мерките

0
71

Исламската врска заедница не се предомислува и одлуката за отворање на џамиите за клањање од 12 мај, останува на сила, дознава ТВ21.

Моментално ИВЗ работи на тоа како да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 во текот на клањањето, со физичка дистанца или со носење маски.

Државниот врв незадоволен од ова одлука и бара од ИВЗ да ја разгледа истата. Премиерот Оливер Спасовски побара и МПЦ да биде посериозна бидејќи направила серија пропусти.

Вицепремиерот, Бујар Османи во Тетово изјави дека без разлика на тоа дека постои забрана за собири, Владата нема право да интервенира во верските објекти.

Враќањето на верниците во џамиите, според ИВЗ одлука е донесена поради подобрувањето на состојбата со корона вирусот но и поради револтот на муслиманите кон литургијата во Струга.

Претседателот , Стево Пендаровски, побара претседателот на ИВЗ, Реис, Сулејман Реџепи и на МПЦ, Г.Г. Стефан да ги повикаат граѓаните на одговорно однесување.

Двајцата побараа одговорност од Министерството за внатрешни работи за случајот во Струга, додека Владата усвои И одлука врз основа на која МВР е должна да известува за истражната постапка зошто не е спречен верскиот собир во Струга.

Министерот Наќе Чулев извести дека „полицајците се обиделе да го спречат собирот на луѓето, но биле спречени поради тоа што се соочиле со реакцијата на верниците и поради тоа што верниците можеле остро да реагираат, тие се повлекле“. Јавното обвинителство веќе отвори постапка за настанот во Струга.

Извор 21Тв