ИВЗ уште пред два дена најавила дека нема да го почитува најавениот полициски час

0
88

Исламската верска заедница уште пред два дена до Владата и Комисијата за заразни болести испратила писмо.

Во пшисмото ја известува Владата дека нема да го почитува евентуалниот полициски час за верскиот празник Рамазан Бајрам, ниту пак има намера да ги откаже молитвите на верниците во џамиите.

Писмото на Фејсбук го објави и Реисот Сулејман Реџепи.

,,Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори, додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар на грб за откажување на намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна напиша Реџепи на Феjсбук.