Издадени 264 решенија за изолација, 562 прекршоци за неносење заштитна маска

0
74

Во изминатото деноноќие во земјава им се издадени решенија за изолација на 264 лица, додека 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека по едно лице не на почитувало мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на мерките за носење на лична заштита на лице регистрирани се 562 прекршоц и.