Илире Даути: Владата никако да се откаже од старите навики на регионална дискриминација

0
137

За претпријатијата од Охрид 12 пати повеќе пари без камата отколку за Струга

Изгледа, дури и времето на светска пандемија не беше доволно за Владата на Република Северна Македонија да се откаже од старите и новите навики за регионална дискриминација или за градови населени главно од Албанци. Значи, не е доволно да се биде убав град како другите или да се биде исто погоденo од кризата како и другите за да се биде исто третирани од надлежните. Предмет на дискрепанција овој пат беше градот Струга. Во овој поглед, мерките Ковид1 и Ковид2, кои предвидоа 13,7 милиони евра преку Банката за развој, да бидат дадени без камата на микро, мали и средни претпријатија, кои се погодени од здравствена -економска криза предизвикано од Ковид19, во првите податоци објавени од Банката за развој на РСМ за „Ковид1“ каде се дистрибуирани првите 4 милиони евра, постои голема дискрепанција меѓу различни градови па дури и помеѓу Струга и Охрид, иако и двата се туристички градови и кризата ги оштети исто. За претпријатијата погодени од кризата од градот Струга, уплатени се средства во износ од 24.878 евра, додека за тие од Охрид 298.212 евра, што е за 12 пати повеќе од износот на пари и барања за заем платени за претпријатијата од Струга. Затоа, Алијансата за Албанците ја повикува Владата и особено министерот за економија од редовите на ДУИ, наместо да ја користи Струга да за пропаганда, нека го стори спротивното. Значи, нека се искористи себеси како министер на владата и да се потруди Струга да го добије својот дел од финансиските ресурси подеднакво со другите градови, и во случајов со градот Охрид.

Илире Даути, Претседателка на Економскиот оддел- Алијанса за Албанците 23 мај 2020